Опис
Слатко задоволство приготвено со многу љубов и страст. Кружно обвиткано лиснато тесто, натопено во шербет, неодолив и пенаст ванила крем придружен со сецкани лешници. Сетоа тоа го прави нашиот екслузивен десерт да Ве остави без зборови.
Иако сите наши торти се правени на што е можно по природен начин, односно традиционални рецепти, се произведуваат на модернизиран и стандардизиран начин. Во производството се користат природни-селски јајца. Но не и белка во прав (кои се варат во специјализирана машина, која компјутерски конторлирана ги вари до одредена температура. Потоа ги лади брзо, до одредена амбиентална температура и со тоа целосно се задржува квалитетот на производот. Тоа го оневозможува развивањето на штетни бактерии во храната). Млечни чоколада од врвни производители како што се Swisslion, Леона, Master Martini. Природни јаткасти плодови (но не и ароми). 70% желирано овошје со највисок квалитет, произведено од македонската компанија Агрома од Струмица. Македонско брашно, високо квалитетен кристален шеќер и пастеризирано млеко. Единствена арома која што се користи во нашето производство е направена на природна база. Аромата на ванила-банана која се користи во нашиот бел крем, и е со минимална количина.
Додека сите производи се направени со висок квалитет, не смееме да заборавиме дека се приготвени со многу љубов, од нашите врвни мајстори. Години и години, со многу труд, обуки и учење, извештени се сите техники за работа во нашето производство. Иако ден по ден се трудиме да бидеме што подобри, секој момент е ново искуство за нас. Бидејќи за нас, Вашето задоволство е најбитната работа во нашето постоење. Затоа Мариели, е Вашиот сладок избор!
Запратете не на marieli.cakes и на Marieli Cakes / Мариели Торти
In conclusion, Marieli, World full of sweetness!
Оцени
Нема оцени сеуште.