за нас

Дознајте повеќе за нас

Добредојдовте во „Мариели“ – домот на совршените десерти, каде што секој залак раскажува приказна исполнета со љубов, креативност и традиција. Нашата приказна започна сонот на една жена – Маре Илиевска - Џиланова – која уште од раните 1990-ти години започна да создава волшебни торти и слатки, инспирирана од желбата да донесе радост на лицата на луѓето околу неа. Тоа што започна како мала семејна работилница, денес е препознатлив бренд кој ја симболизира врвната умешност и страст за слаткарството – Мариели Cakes.
Во 2010 година е основана компанијата Мариели-Тино ДООЕЛ, која денес брои над 80 вработени и претставува синоним за квалитет, иновација и посветеност. Нашата мисија отсекогаш била да создадеме нешто повеќе од десерти – создадовме искуство што ги обединува луѓето, буди емоции и остава незаборавен вкус. „Мариели“ стои цврсто на три темели: традиција, иновација и безрезервна грижа за квалитетот. Секој наш десерт е внимателно изработен од најквалитетни состојки, со посветеност кон деталите и непогрешлива умешност. Од класични торти и колачи, до модерни крем десерти, мини ролати и ексклузивни креации – кај нас ќе пронајдете нешто совршено за секоја прилика. Ние не само што ги следиме светските трендови – ние ги поставуваме, преку иновативен дизајн, нови вкусови и постојано надградување на нашата понуда. Покрај персонализираните торти и колачи, нашите десерти се достапни во голем број маркети и угостителски објекти низ Македонија, како и во нашите сопствени бренд-слаткарници.
Горди сме што во Битола функционираат четири „Мариели“ локации, секоја со свој уникатен амбиент: -Мариели во Стаклената зграда – класична слаткарница со препознатлив стил и целосна понуда. -Kafeterija by Marieli – урбано катче за кафе и десерт уживање. -Dolci di Marieli – модерна и елегантна слаткарница за посебни моменти. -Мариели на Широк Сокак – во срцето на градот, идеално место за спонтани задоволства и прошетки со вкус. Нашите десерти може да се пробаат и во кафулиња и ресторани во Битола, а отворени се и брендирани "Мариели" слаткарници во: -Скопје - Козле (наспроти бензиската Макпетрол) -Охрид - Sky Corner Hotel, ул. Македонски Просветители бр.1 -Струга - наспроти хотел Дрим Нашите производи се присутни и во маркети како Тинекс, Веро, Вива Фреш, Кит-Го, Миса, Сити и Јени, а ги снабдуваме и многу кафулиња и ресторани. Нашата присутност постојано расте – од Битола до Охрид, Струга, Скопје, Прилеп, Тетово, Штип, Куманово и многу други градови. Ви благодариме што сте дел од нашата приказна. Ве покануваме да ја продолжиме заедно – со секое ново парче торта, секој нов десерт и секоја насмевка што ќе ја разубавиме.
Нашето мени вклучува богата понуда на торти, колачи, крем десерти и мини ролати и специјални десерти. Без разлика дали барате нешто за секојдневно уживање или за специјални прилики, ние сме тука да ги надминеме вашите очекувања. Покрај тоа, нудиме и персонализирани торти и колачи, дизајнирани според вашите желби и потреби.
Нашата мисија е едноставна – да донесеме радост и насмевки преку совршени десерти. Ви благодариме што сте дел од нашата приказна и ве покануваме да продолжите да ја споделувате оваа сладка авантура со нас. Добредојдовте во "Мариели", каде што секој залак е приказна за себе!
Добредојдовте во „Мариели“ – таму каде што сладоста станува уметност.
МИСИЈА & ВИЗИЈА​
Производство на торти и десерти со највисок квалитет и неодолив вкус, кои потрошувачите секогаш ги препознаваат!
Мисија
Водечка компанија за производство на висококвалитетни и вкусни торти на домашниот пазар и за извоз.
Визија

Пораки

bday qoute
Life is short,

Eat the cake

bday qoute
I eat cake because

it's somebody's birthday somewhere

bday qoute
Birthday cake calories

don't count

Примаме нарачки, но наредно достава имаме за

0Саати 0Минути 0Секунди