Search

Полиса за приватност, полиса за испорака и полиса за поврат на средства.

Кои сме ние

Нашата веб страна: https://marielicakes.mk.

Кои лични податоци ние ги прибираме и зошто.

Коментари

Кога посетителите оставаат коментари на нашата страна, ние ги собираме податоците  прикажани во формата за коментари, исто така IP адресата на посетителите за да може да детектираме непознати (spam) напади.

Медија

Посетителите на веб страната можат да ги симнуваат и користат нашите слики со назначување од каде е изворот на сликата.

Контакт Формата

Cookies

Ако оставите коментар или отворите профил на нашата страна, опционално може да одберете да се зачуваат Вашето име и е-пошта во т.н. cookies. Ова го правиме за да не мора одново да ги пополнувате овие податоци кога ќе оставате коментар повторно. Овие т.н. cookies ќе траат една година.

Вградена содржина од друга веб страна.

Написите на оваа страница може да содржат вградена содржина (на пр. Видеа, слики, статии, итн.). Вградената содржина од други веб-страници и се однесува точно на истиот начин како посетителот да ја посетил другата веб-страница.

Овие веб-страници може да соберат податоци за вас, да користат колачиња, да вметнат дополнително следење на трети лица и да ја следат вашата интеракција со таа вградена содржина, вклучително и следење на вашата интеракција со вградената содржина ако имате сметка и сте најавени на таа веб-страница.

Аналитика

Со кого ги споделуваме вашите податоци

Колку долго ги задржуваме вашите податоци

Ако оставите коментар, коментарот и неговите метаподатоци се задржуваат на неодредено време. Ова е така за да можеме да ги препознаеме и одобриме сите коментари што следуваат, наместо да ги држиме во редица на умерени количини.

За корисниците кои се регистрираат на нашата веб-страница (доколку има), ние исто така ги чуваме личните информации што ги даваат во нивниот кориснички профил. Сите корисници можат да ги видат, уредуваат или бришат своите лични информации во кое било време (освен што не можат да го променат своето корисничко име). Администраторите на веб-страницата исто така можат да ги видат и уредуваат тие информации.

Какви права имате над вашите податоци

Ако имате профил на оваа страница или оставите коментари, можете да побарате да добиете изнесена датотека на лични податоци што ги чуваме за вас, вклучувајќи ги и сите податоци што ни сте ги доставиле. Можете исто така да побарате да ги избришеме личните податоци што ги чуваме за вас. Ова не вклучува податоци што сме должни да ги чуваме за административни, правни или безбедносни цели.

Услови за користење и приватност при нарачка

За да биде една онлајн нарачка успешна потребно е да се следат неколку едноставни правила:

 

1. Најпрво, доколку сакате да направите нарачка за во текот на денот или утрешниот ден, проверете дали производот кој што сакате да го нарачате го има на залиха, тоа е прикажано во самиот производ. Доколку го има на залиха, може слободно да го нарачате.

 

 

2. Кога ќе се одлучите за производот што сакате да го нарачате, односно купите, потребно е да притиснете на производот и потоа да го додадете во кошничка. На овај начин може да додавате и повеќе производи во една нарачка и потоа сите заедно да ги нарачате, односно купите.

 

 

3. Кога ќе завршите со додавање на производи во Вашата кошничка, може да преминете во финалниот дел на Вашата нарачка, односно купување. Влезете во Вашата Кошничка (до која го пишува бројот на производите кои што сте ги додале во истата), проверете дали е тоа производот (или производите) што навистина сакате да го купите, доколку сте направиле грешка корегирајте, а доколку е се во ред, продолжете со нарачка. Ќе Ви се појават полиња со информации за Вас, кои мора да ги пополнете. На самиот крај, потврдете ја нарачката.

 

 

 

ВАШАТА НАРАЧКА ЌЕ БИДЕ УСПЕШНА САМО ДОКОЛКУ ЗА ТОА ВИ ИЗЛЕЗЕ ПОТВРДА, и за тоа ќе добиете повратен e-mail (доколку немате порака, проверете во „Spam“ на Вашата е-пошта).

 

 

 

Доколку не ја добиете оваа порака, и доколку во наредните 30 минути не бидете контактирани од наша страна, значи не сме ја добиле Вашата нарачка поради некаков проблем (дали поради слаба конекција, неработно време или неправилна нарачка), затоа Ве молиме или обидете се повторно или контактирајте не на 076/200-106

 

 

ПОПУСТИ И ДОСТАВА

 

 

Доколку некој производ е на ПОПУСТ, тоа ќе биде истакнато на самиот производ, и цената на истиот ќе биде пресметана и прикажана со ПОПУСТ. Во спротивно сите производи се продаваат по редовен ценовник. Доколку имате купон за попуст или имате собрано поени за попуст, искористете ги во кошничката на обележаното место, за да може да Ви се пресмета попустот.

 

 

ДОСТАВАТА се врши со доплата од 100 ден во градот Битола (за нарачки над 3000 ден, доставата е бесплатна). Надвор од градот, цените се дефинираат по меѓусебен договор, а најчесто се пресметувааат по потрошено гориво на изминат километар до дестинацијата на која треба да се достави производот. Сите права за дефинирање и наплата на доставата ги задржува Мариели Тино ДООЕЛ. Доколку имате купон за бесплатна достава искористете го во кошничката на обележаното место, за да може да Ви се пресмета тоа. Доколку производот е оштетен при испораката која е извшрена директно од Мариели Тино ДООЕЛ како доставувач, тогаш истиот ќе биде заменет со нов неоштетен производ. Доколку испораката е направена на каков бил друг начин или од трета страна, Мариели Тино ДООЕЛ не сноси никакви одговорности, туку самиот доставувач.

 

 

Доколку производот сакате да го подигнете сами од нашиот Cake Shop во стаклената или од продажниот дел во производствтото (Ѓорѓи Ѓорѓиев 2в), наведете го тоа.

 

 

РАБОТНО ВРЕМЕ

 

Нашата Онлајн продавница функционира 24/7 за нарачки со иден датум.За нарачки кои треба да се реализират во текот на денот (но не пократко од 30 минути до 1 час од нарачката – минимално време за да се реализира нарачката од кога е поставена на онлајн продавницата) работното време е:

 

 

– Со достава од Понеделник до Петок од 09-16:30 часот и Сабота од 09 – 16Ч часот и Недела неработен ден. После наведеното време испраќаме со такси, и трошокот за достава е поголем.

 

– Со преземање од Понеделник до Сабота од 09-21 часот и Недела неработен ден.. 

 

ДРЖАВНИ ПРАЗНИЦИ СЕ НЕРАБОТНИ!

 

 

Приватност

 

  Мариели ја гарантира приватноста и сигурноста на сите Ваши податоци оставени на нашиот веб сајт, затоа бидете сигурни и слободно правете ги нарачките Онлајн. Вашите податоци ќе бидат искористени само за генерирање и потврдување на нарачките кои ги правите на нашата онлајн продавница. Вашите податоци нема да бидат искористени за рекламни цели од наша страна, доколку претходно Вие не се согласите со тоа.

 

Поврат на производи и средства

 

  Мариели го задржува правото да не направи поврат на производи и средства, односно за веќе купени производи НЕ правиме поврат на истите и поврат на средствата искористени за нивно купување.

Примаме нарачки, но наредно достава имаме за

0Саати 0Минути 0Секунди