Нашиот основач Маре И. Џиланова уште во раните 1990ти години го негуваше правењето торти, со разни квалитетни и вкусни видови, декорирањето на истите и унапредување и иновации во производството. Во 2010 година се одлучува да ја отвори компанијата Мариели-Тино ДООЕЛ - MARIELI CAKES, која до ден денес успешно опстојува, се унапредува и проширува на нашиот пазар.
Во овој момент е воспоставена соработка со повеќе маркети низ повеќе градови на територијата на Македонија, како што се Битола (седиште на Мариели), Охрид, Струга, Ресен, Скопје, Прилеп и Кавадарци, каде што се дистрибуираат и продаваат нашите торти, а се размислува да се проширува во уште градови како што се Тетово, Штип, Струмица и сл.
Покрај маркетите, Мариели има воспоставено соработки за служење на нашите производи со повеќе кафулиња и ресторани во Битола, каде што може да се засладите со нашите неодоливи десерти.